АКО ВАДИТЕ ВИЗА ЗА САД ЌЕ ТРЕБА ДА ПЛАТИТЕ И „ТАКСА ЗА ИНТЕГРИТЕТ НА ВИЗАТА“ Ќе чини 250 евра, но не се знае од кога ќе се наплаќа
Во текот на фискалната 2025 година во САД (која трае од 1 октомври 2024 година до 30 септември 2025 година), таксата нема да биде помала од 250 долари, а Министерството за внатрешна безбедност (DHS) има овластување да го зголеми тој износ. Во следните години се планираат прилагодувања на инфлацијата.
САД воведуваат нова такса при вадење на виза на сите странци кои аплицираат за неимигрантска виза -без разлика дали доаѓаат во САД за туризам, работа или образование.
Станува збор за таканаречена „такса за интегритет на визата“ која се воведува со новиот закон на администрацијата на Доналд Трамп, наречен Закон за еден голем убав закон (One Big Beautiful Bill Act). Почетокот на примената на оваа такса не е утврден, но се знае дека парите уплатени за неа можат да се вратат под одредени услови. Ова подразбира отсуство на какво било неовластено вработување, како и напуштање на земјата најдоцна пет дена по истекот на визата. Исплатата ќе биде можна само по истекот на визата.
Во текот на фискалната 2025 година во САД (која трае од 1 октомври 2024 година до 30 септември 2025 година), таксата нема да биде помала од 250 долари, а Министерството за внатрешна безбедност (DHS) има овластување да го зголеми тој износ. Во следните години се планираат прилагодувања на инфлацијата.
Таксата се наплаќа во моментот на издавање на визата. Во случај барањето за виза да биде одбиено, не се наплаќа такса.
Дополнително, законот ја зголемува таксата за Образецот I-94 (картичка за влез и излез) од 6 на 24 долари, што ќе важи за повеќето странски патници.
Портпарол на Американската туристичка асоцијација изјави за CNBC Travel вели дека се прави конфузија со тоа што Министерството за внатрешна безбедност, кое е задолжено за наплата на таксата, не го управува директно процесот на издавање визи.
Механизмот за враќање на средства исто така не е прецизиран. Бидејќи многу визи се повеќегодишни. Канцеларијата за буџет на Конгресот очекува дека само на мал број луѓе ќе им се враќа уплатата.
Сепак, според проценките на Канцеларијата за буџет на Конгресот, новиот данок би можел да ги зголеми приходите на САД и да го намали буџетскиот дефицит за 28,9 милијарди долари во периодот 2025–2034 година.