ЈА КРИЕЛЕ ДРОГАТА ВО ШАХТА ПРЕД КУЌАТА Претрес во Кичево, уапсени две лица
При претрес во домот на Е.П.(30) и А.П.(60), извршен по наредба од Основниот суд Кичево, во куќата биле пронајдени и одземени една ќесичка со бела прашкаста материја и вага, а во шахта пред домот биле пронајдени и одземени 51 помали пакувања со прашкаста материја и две поголеми најлонски пакувања со бела грутчеста материја, соопшти полицијата.
Полицијата вчера уапси две лица во Кичево, откако при претрес во нивната куќа пронајде дрога. Дел од дрогата полицајците ја нашле во куќата на осомничените, а дел сокриена во шахта.
„На 17.07.2025 година во 17 часот во Кичево, полициски службеници од надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево ги лишиле од слобода Е.П.(30) и А.П.(60) од Кичево. При претрес во нивниот дом, извршен по наредба од Основен суд Кичево, во куќата биле пронајдени и одземени една ќесичка со бела прашкаста материја и вага. Додека, во шахта пред домот биле пронајдени и одземени 51 помали пакувања со прашкаста материја и две поголеми најлонски пакувања со бела грутчеста материја“, соопшти полицијата.
Двајцата се задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, се додава во соопштението.