УКРАЛ ПУШКА, ПУКАЛ КОН 2 ДЕЦА И КОН ПОЛИЦАЈЦИ Кривична пријава за убиства во обид и тешки кражби за насилникот од Ангелци

На 7 јули 2025 година во атарот на селото Долно Српци, тој пукал со пушката кон 22-годишник и двајца малолетници на возраст од 15 и 16 години. Потоа на влезот од селото Вашарејца се обидел да пука кон полициски службеници, но не успеал, по што тие пукале и го погодиле во ногата и бил лишен од слобода, соопшти Министерството за внатрешни работи.

271

СВР Битола поднесе кривична пријава против Г.П.(29) од село Ангелци, општина Василево, кој е осомничен за сторени две кривични дела Убиство во обид, три кривични дела Тешка кражба и едно кривично дело Недозволено изработување, држење и тргување со огнено оружје или распрскувачки материи.

Како што соопшти МВР, во периодот од 2 до 7 јули 2025 година, во атарот на битолското село Крклино пријавениот влегол во две викенд куќи, не одзел ништо и причинил материјална штета. Во селото Долно Српци, општина Могила, со употреба на сила влегол во куќа и одзел ловечка пушка со калибар од 16 милиметри и две туби со гориво.






„На 7 јули 2025 година, исто така во атарот на селото Долно Српци, тој пукал со пушката кон 22-годишник и двајца малолетници на возраст од 15 и 16 години. Потоа на влезот од селото Вашарејца се обидел да пука кон полициски службеници, но не успеал, по што тие пукале и го погодиле во ногата и бил лишен од слобода“, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Поврзани содржини