ВЛАДАТА НЕ Е НАДЛЕЖНА ЗА СНАБДУВАЊЕТО СО ВОДА Перински вели дека станува збор за технички проблеми

Според Перински, ова е кулминација од сите наталожени проблеми, коишто го тиштат градот Скопје во изминатите повеќе од три и пол години и кои кулминираат во рамки на самите јавни претпријатија.

889

Владата нема ингеренции за да интервенира во решавањето на водоснабдувањето на територијата на Скопје, рече министерот за локална самоуправа, Златко Перински, одговарајќи на новинарско прашање дали Владата може да помогне во решавањето на проблемот со водоснабдувањето, бидејќи повисоките населби во Скопје се соочуваат со недостиг на вода во своите домови.

– И согласно Законот за локална самоуправа, но и согласно Законот за води, одговорноста во делот на водоснабдувањето е во рамки на локалната самоуправа т.е. во рамки на Град Скопје. Владата тука нема никакви ингеренции, тоа сакам да го кажам, најдиректно за да им стане јасно на нашите граѓани – рече Перински.






Тој додаде дека ова е кулминација од сите наталожени проблеми, коишто го тиштат градот Скопје во изминатите повеќе од три и пол години и кои кулминираат во рамки на самите јавни претпријатија.

– Од она што јас го имам како информација, станува збор за технички проблем и мислам дека тоа многу соодветно ќе ви го потврди и самиот менаџмент на Јавното комунално претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје. Но, она што е уште поинтересно, еве упатувам и еден апел до вас до новинарите, да видите каде се најголемите инвестиции, коишто Градот Скопје и Јавните комунални претпријатија ги имаат направено во изминатите, би рекол три години, и многу брзо ќе ви стане јасен одговорот зошто во моментов ги имаме овие технички проблеми – рече Перински.

 

Поврзани содржини