ГЕРМАНИЈА ЌЕ БИДЕ ГЛАВЕН ИГРАЧ ВО ВООРУЖУВАЊЕТО НА УКРАИНА Трамп и Европа ќе му вршат притисок на Путин, посочи Мерц

Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави дека европските земји се вклучуваат во иницијативата за вооружување на Украина во сопствен интерес бидејќи ќе му помогне на Киев да се заштити од руските воздушни напади. Според него, ваквиот заеднички чекор ќе го засили притисокот врз Москва да пристапи кон мировни преговори.

607

Германскиот канцелар Фридрих Мерц ја поздрави објавата на претседателот на САД, Доналд Трамп, дека САД ќе ѝ испорачаат ново оружје на Украина, при што трошоците ќе ги покријат европските сојузници, објави Анадолија.

– Претседателот Трамп денеска презеде важна иницијатива: САД ќе ѝ испорачаат оружје на Украина во големи размери, доколку европските партнери го финансираат тоа – изјави Мерц доцна во понеделникот.






Мерц рече дека тој и Трамп разговарале за овој нов пристап неколкупати во изминатите денови и нагласи дека Германија ќе има „одлучувачка улога“ во оваа иницијатива.

– Ние, Европејците, го правиме ова во наш интерес. Ова ќе ѝ помогне на Украина да се одбрани од теророт на руските бомбардирања. Само така ќе се зголеми притисокот врз Москва конечно да седне на преговарачка маса. На крајот, покажуваме дека, како безбедносни партнери, делуваме заеднички. Сега бргу ќе ги прецизираме деталите. Во контакт сме со нашите партнери за оваа цел – рече Мерц.

На состанокот во понеделникот со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, во Овалната соба, Трамп изрази разочараност од Русија поради отсуството на напредок во мировните напори за Украина.

Трамп се закани дека ќе воведе 100% секундарни царини кон Русија ако не се постигне мировен договор во рок од 50 дена. Тој, исто така, најави нов механизам според кој САД ќе произведуваат и ќе ѝ испорачуваат оружје на Украина преку НАТО, додека целосните трошоци ќе ги сносат европските сојузници.

– Денеска постигнавме договор… Ќе им испратиме оружје што тие (европските сојузници) ќе го платат. САД нема да платат ништо. Ние нема да го купуваме, но ќе го произведуваме, а тие ќе го финансираат – изјави Трамп.

Руте го потврди договорот, изјавувајќи:

– САД навистина решија масовно да ѝ обезбедат на Украина сè што е потребно преку НАТО. Европејците го финансираат тоа 100%.

„НЕ СУМ ЗАВРШИЛ СО ПУТИН, САМО СУМ РАЗОЧАРАН“ Трамп е убеден дека Русија ќе победи, само е прашање на време

Поврзани содржини