ТРАМП ГО ПРАШАЛ ЗЕЛЕНСКИ ЗОШТО НЕ ЈА НАПАЃА МОСКВА Шефот на САД размислува да испрати „Томахавки“ и ракети АТАКМС во Украина?

„Вашингтон пост“ пишува дека на состанокот лидерите на САД и Украина разговарале и за ракетите со долг дострел АТАКМС. Кога Трамп го прашал Зеленски зошто не ја напаѓа Москва, украинскиот лидер одговорил „Можеме, ако ни дадете оружје“.

2,648

Американскиот претседател Доналд Трамп размислувал да испрати крстосувачки ракети „Томахавк“ во Украина, тврди „Вашингтон пост“, повикувајќи се на извор кој бил запознаен со разговорите во Белата куќа.

Според весникот, Трамп го прашал украинскиот претседател Володимир Зеленски зошто не ја нападнал Москва во телефонскиот разгово од 4 јули.






– Можеме, ако ни дадете оружје – одговорил Зеленски, јави „Вашингтон пост“.

Според изворот, Трамп смета дека Украина треба да врши посилен притисок врз Путин, не само врз Москва, туку и врз Санкт Петербург.

Ракети сè уште не се на списокот на оружје кое САД ќе ѝ го достават на Украина, но би можеле подоцна да се најдат таму, се вели во статијата.

Ако нема Томахавки, ќе има 18 АТАКМС?

„Томахавк“ лансиран од Украина би можел да ги погоди Москва и Санкт Петербург. Американците ги  користеа овие ракети за време на нападот врз Иран минатиот месец.

„Вашингтон пост“ пишува дека на состанокот лидерите на САД и Украина разговарале и за ракетите со долг дострел АТАКМС. Тие можат да погодат цели во радиус од 300 километри. Според написот, за АТАКМС било разговарано и во Белата куќа, како за посилно офанзивно оружје кое би го добила Украина.

Изворот додал дека тоа најверојатно значи дозвола за употреба на 18 ракети од овој тип.

Русите ги преместуваат авионите

Во меѓувреме, Русија ги преместува своите воени авиони и опрема надвор од дофатот на украинските сили. Ракетите АТАКМС не се доволно јаки за да стигнат до Москва или до Санкт Петербург, но би можеле да погодат воени бази, аеродроми и складишта за снабдување длабоко во Русија.

Од Пентагон веќе неколку месеци повикуваат да се изведат подлабоки напади врз Русија со употреба на АТАКМС.  Секојпат кога ќе се зголеми ограничувањето на дострелот, руската страна ги преместува авионите.

3 причини на Трамп за ескалација

Изворот на „Вашингтон Пост“ нагласил дека Трамп решил да ескалира од три причини. Прво, тој мисли дека Путин не го почитува и се преправа дека сака да постигне мир, а во исто време не го слуша повикот на американскиот претседател за прекин на огнот.

Второ, Трамп ја видел ефикасноста на американската воена сила при нападите со бомбардери Б-2 и ракети „Томахавк“ против Иран.

Трето, верува дека Путин ќе прифати преговори само под сериозна закана од поголема сила.

 

Поврзани содржини