📽️ ПИТОН ОД 8,5 МЕТРИ ГОЛТНАЛ ЧОВЕК Ѕверот го зграпчил фармерот за нога додека тој хранел кокошки во Индонезија
Огромната змија излегла од високата трева и го зграпчила Ноти за ногата. Тој немал оружје да се одбрани, а змијата не го испуштила. Питонот успеал да го задави и да го проголта цел, пишува Дејли меил.
Телото на земјоделецот Ла Ноти (61) било пронајдено во утробата на огромен питон долг 8,5 метри во југоисточната покраина Сулавеси во Индонезија. Несреќниот човек починал додека ги хранел своите кокошки, далеку од дома.
Огромната змија излегла од високата трева и го зграпчила Ноти за ногата. Тој немал оружје да се одбрани, а змијата не го испуштила. Питонот успеал да го задави и да го проголта цел, пишува Дејли меил.
Кога не се вратил дома, загрижените членови на семејството следниот ден започнале да го бараат. Прво, моторот на Ноти бил пронајден покрај патот во селото Маџапахит, што ги натерало мештаните да организираат голема потрага.
Подоцна истиот ден, тие биле шокирани кога ја нашле подуената змија како лежи неподвижна во грмушките, само неколку метри од колиба. Плашејќи се од најлошото, го фатиле неподвижниот влекач, кој бил оптоварен од својот плен, и го заклале.
Во тој момент, најлошите стравови на неговото семејство станале реалност, телото на Ла Ноти било заглавено во стомакот на ѕверот, покриено со лигава течност. Се појавило застрашувачко видео на кое се гледа како неколку селани го отвораат телото на змијата за да го извлечат телото на несреќниот Ноти висок 162 сантиметри, додека неговите членови на семејството ја гледале морничавата сцена.
– Ла Ноти се збогувал со своето семејство и им рекол дека ќе оди да ги храни добитокот и живината, но не се вратил дома. Семејството и мештаните го барале и откриле дека го проголтал голем питон – изјави помошникот началник на полицијата Масуд Гунаван.
Службеникот кој раководи со Одделот за вонредни состојби и управување со катастрофи рече дека случајот е без преседан.
– Ова е првпат човек да биде изеден од питон во оваа област. Во последно време, питоните се почесто се појавуваат во домовите и градините на луѓето. Ги предупредивме жителите да бидат внимателни кога влегуваат сами во шумата – изјави Ла Оде Рисавал.