ЕДЕН ЧОВЕК ВОДИ ПРЕД ОРБАН НА АНКЕТИТЕ Кој е Петер Маѓар и зошто му веруваат конзервативците?

Во февруари 2024 Петер Маѓар ја напушти владејачката партија на Орбан и функцијата откако обелодени сканда­л на унгарската владата која наводно помилувала осуден за прикривање сексуална злоупотреба.

554

На долгогодишниот унгарски лидер му се заканува политички пад, бидејќи поранешниот Фидес-овец Петер Маѓар од партијата Тиса убедливо води пред него според најновите анкети, пишува Ројтерс.

Партијата Тиса силно расте, водејќи пред Фидес со 9 до 18 процентни поени во анкетите. Таа се фокусира на прашања што ги засегаат обичните граѓани – лошо здравство, ниски плати, нефункционална инфраструктура. Партијата нуди алтернатива за конзервативците.






Ако продолжи ваквиот тренд, изборите во 2026 година може да значат крај на 15-годишната доминација на актулениот премиер Виктор Орбан.

Кој е Петер Маѓар? Поранешниот функционер во партијата на Орбан како дипломиран правник двапати раководел со државни институции, а е роден на 16 март 1981 годиа во Будимпешта.

Во февруари 2024 Петер Маѓар ја напушти владејачката партија на Орбан и функцијата откако обелодени сканда­л на унгарската владата која наводно помилувала осуден за прикривање сексуална злоупотреба.

Маѓар тогаш тврдеше дека „корупција и непотизам цветале без никој да се соочи со нив“.

Во јули 2024 година Маѓар ја презеде партијата Тиса („Res­pect and Freedom“) и стана европратеник.

На европските избори во јуни 2024 неговата партија освои околу 30 % од гласовите, најдобар резултат на опозицијата по 2006 година .

Во јули 2025 Маѓар го објави „унгарскиот нов договор“, економски план што вклучува 500 милијарди форинти годишно за здравство, модернизација на инфраструктура и враќање на украдените државни средства.

 

Поврзани содржини