📷 НА МНОГАЈА ЛЕТА Георгиј устоличен на тронот на Дебарско-кичевската епархија

Со тоа, тој и официјално станува митрополит на Дебарско-кичевската епархија. Верувам дека со сите сили и знаења ќе служи на нашата црква. Достоен е! На многаја лета, напиша премиерот на Фејсбук.

1,450

Во Соборниот храм на охридските архиепископи „Света Софија“ во Охрид денеска беше извршена епископска хиротонија на архимандритот Георгиј и негово устоличување на тронот на Дебарско-кичевската епархија, информираше премиерот Христијан Мицкоски кој присуствуваше на хиротонијата.

„Со тоа, тој и официјално станува митрополит на Дебарско-кичевската епархија. Верувам дека со сите сили и знаења ќе служи на нашата црква. Достоен е! На многаја лета“, напиша премиерот на Фејсбук.






Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА) доби нов духовен водач за Дебарско-кичевската епархија вчера, на 12 јули, кога игуменот Георгиј(Ѓорѓиевски) едногласно, без ниту глас против, беше избран за митрополит на седница на Светиот архиерејски синод.

Георгиј има богата биографија и црковна кариера како богослов, диплмат, реформатор, автор на книги и трудови.

Со неговиот избор, Светиот архиерејски синод испраќа порака за консензус, стабилност и обновен фокус кон духовниот и образовен развој на верниот народ.

Поврзани содржини