ОДРЕДЕНИ ЛИЧНОСТИ ЌЕ БИДАТ ВО СЕРИОЗЕН ПРОБЛЕМ АКО СЕ ПОТВРДАТ СОМНЕВАЊАТА Мицкоски предупредува дека пожарите во Скопје можеби се организирана акција

Имаме одредени информации и основани сомневања, посебно дека она што се случи во Скопје е организирана акција. Имаме приведени лица и одземени телефони, оставам на органите да си ја завршат својата работа, вели премиерот Христијан Мицкоски.

701

Имаме одредени информации и основани сомневања, посебно дека она што се случи во Скопје е организирана акција, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, одговорајќи на новинарско прашање дали знае нешто во врска со шпекулациите во јавноста дека функционер од ДУИ е вмешан во палењето пожари низ земјава.

– Не би сакал детално да зборувам за тоа. Имаме одредени информации и основани сомневања, посебно дека она што се случи во Скопје е организирана акција. Имаме приведени лица и одземени телефони, оставам на органите да си ја завршат својата работа. Но, доколку се потврдат овие основани сомневања, тогаш одредени личности ќе бидат во сериозен проблем – рече премиерот Мицкоски.

Поврзани содржини