ФРЛЕНА БОМБА ВО БИТОЛА, ОШТЕТЕНИ 7 ВОЗИЛА И ПОВЕЌЕ КУЌИ Бомбашот не е фатен, полицијата трага по него

На 12.7.2025 година во СВР Битола било пријавено дека во околу 2.05 часот, од страна на непознат сторител била фрлена експлозивна направа на улицата Охридска во Битола, соопшти полицијата.

1,829

Експлозија ноќеска ги вознемири битолчани, откако напаѓач, кој засега не ѝ е познат на полицијата, фрлил бомба на улицата Охридска.

„На 12.7.2025 година во СВР Битола било пријавено дека во околу 2.05 часот, од страна на непознат сторител била фрлена експлозивна направа на улицата Охридска во Битола.  Од самата експлозија се направени оштетувања на патнички возила од марките „фолксфаген“, „бмв“, „тојота“, „киа“, „рено“, „матиз“ и „тико“, сите со битолски регистарски ознаки, паркирани на улицата. Направени се и неколку оштетувања на прозорци и врати од околните куќи“, соопшти полицијата.






Увидот во присуство и по насока на јавен обвинител го извршила увидната екипа на СВР Битола, при што се преземаат мерки за расчистување на настанот, се додава во соопштението.

Поврзани содржини