ОБВИНИТЕЛСТВОТО БАРА ПРИТВОР ЗА НАПАЃАЧОТ НА АРСОВСКА, СОПСТВЕНИК НА ДИВОГРАДБА Двајца осомничени за насилство врз градоначалничката на Скопје

Проосомничениот за нападот, кој се претставил како сопственик на објектот во градба, почнал грубо да ја навредува Арсовска, да ѝ се заканува, по што и физички ја нападнал. Кога изреагирале останатите вработени во градските служби и припадниците на МВР и го тргнале првоосомничениот, со закани продолжило и второосомниченото лице, соопшти Обвинителството.

776

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против две лица за кривично дело Насилство од член 386 став 3 од Кривичниот законик, соопшти Јавното обвинителство.

„Првоосомничениот вчера се заканувал и физички ја нападнал градоначалничката на Скопје, која заедно со вработени во градските служби, по претходна пријава, излегле да извршат вонреден надзор на нелегален објект во градба на улицата Севастополска. Тој се претставил како сопственик на објектот во градба, па почнал грубо да ја навредува, да ѝ се заканува, по што и физички ја нападнал. Кога изреагирале останатите вработени во градските служби и припадниците на МВР и го тргнале првоосомничениот, со закани продолжило и второосомниченото лице“, соопшти Обвинителството.






Со чинот на насилство двајцата осомничени во јавноста и кај другите присутни лица предизвикале чувство на несигурност, загрозување и страв, се додава во соопштенеието.

„Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за првоосомничениот, пред сè, поради ризикот да го повтори, односно да го изврши делото со кое се заканувал, но и поради опасноста од бегство. За вториот осомничен се предложени мерки на претпазливост кои вклучуваат забрана за приближување и воспоставување контакт со градоначалничката и другите оштетени, забрана за напуштање на живеалиштето односно престојувалиштето, одземање на патната исправа и повремено јавување кај определено службено лице во судот“, соопшти Јавното обвинителство.

ПОЛИЦИЈАТА НОНСТОП ЌЕ ЈА ОБЕЗБЕДУВА ДАНЕЛА АРСОВСКА Уапсени две лица што вчера ја нападнаа во Чаир

Поврзани содржини