„НЕ ЗНАМ ДО КОГА ЕВРОПА ЌЕ ИМА ТРПЕНИЕ СО БУГАРИЈА“ Обидот за асимилација на македонскиот народ е опасен и за ЕУ, предупредува Мицкоски

Целта на бугарските политичари во ништо не се разликува од онаа цел што ја има руското раководство во Украина, а тоа е обид за асимилација на македонскиот народ и еден вид идентитетски инженеринг кој навистина најмалку треба да се случува во 21. век во Европа и тоа од земја членка на ЕУ, која треба да споделува европски вредности.

2,706

Не очекувам од нашиот источен сосед да испрати поинаква порака, тие мора пред нашите европартнери и партнерите во НАТО да рефлектираат реторика со која ќе нè обвинуваат нас, дека ние сме тие, а во суштина светот и Европа видоа која беше целта на бугарските политичари, ги коментираше премиерот Христијан Мицкоски реакциите на официјална Софија по неговата изјава во врска со бугарскиот министер за надворешни работи.

– Целта на бугарските политичари во ништо не се разликува од онаа цел што ја има руското раководство во Украина, а тоа е обид за асимилација на македонскиот народ и еден вид идентитетски инженеринг кој навистина најмалку треба да се случува во 21. век во Европа и тоа од земја членка на ЕУ, која треба да споделува европски вредности. Наместо да ѝ ја подадат раката на Македонија, наместо да нè поддржуваат на патот кон полноправно членство во ЕУ, што е и дел од Договорот за добрососедство, тие имаат поинаква цел и добро е што сите успеаја да видат. Добро е што сите сега веќе знаат која е крајната цел – дека не е неколку стотини македонски граѓани да бидат дел од Уставот, туку дека целта е многу подлабока и попасна и за Европа. На тој начин и ЕУ губи дел од својот имиџ и не знам до кога ќе има трпение со нашиот источен сосед – рече Мицкоски.






Македонскиот премиер Христијан Мицкоски со аналогијата за глушецот и лавот одговори на провокациите од бугарскиот министер Георг Георгиев кој претходно го нарече „северномакедонски премиер“. По ова Софија упати остра реакција, а бугарскиот премиер Росен Жељазков рече дека „колегата Мицкоски треба да најде начин да се извини“.

БАЈ ГАЊО ЌЕ НИ ПРОСТИ ШТО НÈ ТЕПАЛ Само Мицкоски треба да се извини?!

Поврзани содржини