🎥 КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА СТРУМИЧАНЕЦОТ ШТО ЈА ВРЗА ЌЕРКА СИ ЗА ЦЕВКА, ПА ЈА СНИМАШЕ Ќе одговара за насилство врз дете

На трогателно видео, кое беше објавено вчера, се гледа дете со врзани раце и врат, врзано за метална цевка, кое плаче. Причина на стравичното однесување на возрасниот е што детето наводно земало пари, за да си купи јадење, а дел од парите ги дало на мајката.

1,187

Струмичката полиција до Основното јавно обвинителство Струмица поднесе кривична пријава против З.Ч.(57) од село Ново Село, општина Ново Село, поради постоење на сомневање за сторено кривично дело Насилство врз дете, по член 201а од Кривичниот законик.

„На 8.7.2025 во дворното место од куќата на пријавениот во село Ново Село, тој насилно се однесувал кон неговата 11- годишна ќерка, која живеела со пријавениот. Тој, по разводот со неговата сопруга, односно со мајката на детето, е нејзин старател. Насилството го снимил со мобилен телефон“, соопшти полицијата.






Веднаш по објавување на видеозаписот на социјалните мрежи, се додава во соопштението, од страна на полициски службеници од СВР Струмица се преземени мерки. Откриен е сторителот и тој е повикан во СВР Струмица, каде во службен разговор го признал делото.

„За настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. Од страна на лекар од Медицински центар Струмица е извршен преглед над детето, при што се констатирани телесни повреди во вид на црвенило на двете раце, кај зглобовите. Известен е и Меѓуопштинскиот центар за социјални работи Струмица, од каде се преземени мерки за понатамошна заштита на детето“, соопшти полицијата.

На трогателно видео, кое беше објавено вчера, се гледа дете со врзани раце и врат, врзано за метална цевка, кое плаче. Причина на стравичното однесување на возрасниот е што наводно детето земало пари, за да си купи јадење, а дел од парите ги дало на мајката.

 

Поврзани содржини