СЕ ЗАТВОРА АЛ ЏАЗИРА БАЛКАНС Зошто згаснува ТВ-каналот што се емитуваше и во Македонија?

Ал Џазира Балканс е регионална подружница на катарскиот медиумски гигант, која успешно делува на Балканот од 2011 година, со главно седиште во Сараево. Телевизијата има редакции низ целиот регион, вклучувајќи ги Белград, Загреб, Подгорица, Скопје, Љубљана и Приштина.

6,406

По 14 години успешно работење на Балканот, се гаси регионалниот телевизиски проект Ал Џазира Балканс, а информацијата е потврдена за порталот Кликс, кој прв ја објави веста.

Станува збор за подружница на катарскиот медиумски конгломерат, кој со голем успех функционираше на Балканот, со седиште во Сараево уште од 2011 година. Ал Џазира Балканс го покриваше регионалниот пазар со редакции во Белград, Загреб, Подгорица, Скопје, Љубљана и во Приштина.






Во изминативе 14 години, Ал Џазира Балканс беше особено препознатлива по оригиналната содржина, особено во документарниот сегмент, како и по низа други проекти. Тоа беше првата телевизија што емитуваше програма на јазик, различен од арапски и англиски.

Ал Џазира Балканс е присутна во Сараево од средината на септември 2010 година, кога од компанијата „ПЕП“ во сопственост на Адил Куленовиќ ја купи локалната ТВ-станица НТВ Студио 99 за 2,3 милиони конвертибилни марки – колку што изнесувале долговите на таа ТВ-куќа кон државата.

Во 2018 година, Ал Зазира Балканс го основа фестивалот на документарен филм „AJB DOC“, кој секој септември се одржува во Сараево.

Причините за гаснењето сè уште не се официјално објавени, но се претпоставува дека станува збор за деловна одлука донесена во Доха, поради финансиски причини.

Поврзани содржини