ДАМАТА КОЈА ВО 2019 ГОДИНА КРЕНА РАКА ЗА ФЕДЕРЕР СЕГА НАВИВА ЗА ЃОКОВИЌ? Новинар му покажа фотка и го изненади српскиот ас

Дали разговаравте со неа денес? Дали сега навива за мене? Леле, тоа е навистина убав пресврт. Многу сум благодарен за тоа, се насмеа српскиот тениски ас велејќи дека има многу позитивни спомени од финалето со Федерер во 2019 година,

2,207

Жената која во 2019 година беше фатена од камерите како крева рака навивајќи за тенискиот ас Роџер Федерер, сега, во 2025 година, навива за Новаќ Ѓоковиќ, тврди новинар кој на актуелниот турнир во Вимблдон му се обрати на Ѓоковиќ и му ја покажа фотографијата од жената.

– Секако дека ја препознавам, ја видов многу пати. Не ја видов на теренот кога играв, но ја видов многу пати бидејќи моите обожаватели многу ја објавуваат на социјалните мрежи. Слушајте, очигледно се сеќавам на тоа финале и имам позитивни спомени бидејќи спасив две меч топки и победив. Не можам навистина, како да кажам, да ја искористам таа слика како главен дел од натпреварот, бидејќи тоа значи дека некому бутам прст во око. Но, разбирам зошто моите обожаватели го споделуваат тоа. Беше во жештината на натпреварот, тоа беше на поен за победа. Но, тоа не се случи, ете тоа е спортот – рече Ѓоковиќ.

 






На ова истиот новинар додаде дека разговарал со дамата и му рече дека таа почнала да навива за него, што го изненади српскиот ас.

– Дали разговаравте со неа денес? Дали сега навива за мене? Леле, тоа е навистина убав пресврт. Многу сум благодарен за тоа – се насмеа Ѓоковиќ.

Во 2019 година Ѓоковиќ и Федерер одиграа едно од најдобрите финалиња во историјата на Вимблдон. Новак тогаш успеа да победи по неверојатен пресврт во петтиот сет кога спаси две меч топки – 7:6 (7:5), 1:6, 7:6 (7:4), 4:6, 13:12 (7:3).

Историскиот момент се случи во петтиот сет на 8:7 за Роџер, кој сервираше за победа. Тој водеше 40:15 и имаше две шанси да ја заврши работата.

Потоа камерите фатија жена како го крева прстот како знак дека Федерер е само на еден поен од победата. Но, тоа не се случи. Ѓоковиќ направи пресврт за историјата.

Новак Ѓоковиќ сè уште реди успеси во тенисот. Тој обезбеди пласман во полуфиналето на Вимблдон, откако направи пресврт против Флавиус Коболи.

Поврзани содржини