ВО БОСАНСКИ КИОСЦИ ЗА ТУТУН ЌЕ СЕ ПРОВЕРУВА ВОЗРАСТА НА КЛИЕНТИТЕ Лицето на секој купувач ќе се скенира со мобилен телефон
Апликацијата што го скенира лицето не складира фотографии ниту препознава или идентификува луѓе на кој било начин, туку со примена на иновативни и докажани алгоритми, и врз основа на одредени параметри на лицето, ја одредува возраста или малолетноста на лицето.
Компанијата БАТ (British American Tobacco) која е единствена компанија во Босна и Херцеговина која ги нуди сите категории тутун и производи без чад, воведе единствена технологија за одредување на возраста на полнолетство на клиентите.
Технологијата е водедена во целата мрежа на киосци iNovin и Lafka, која работи во БиХ и се дел од компанијата.
-Не сакаме малолетници никогаш да користат наши тутунски или други никотински производи. Нашите производи се исклучиво за возрасни пушачи, што е јасно наведено на етикетите на производите, а со сите наши малопродажни партнери спроведуваме континуирана едукација на вработените за дополнително да ги информираме за законските прописи што ја забрануваат продажбата на овие производи на малолетници – вели Јохан Багуца, директор на BAT БиХ.
Технологијата се базира на едноставно и брзо скенирање на лицето со камера од паметен телефон или специјален уред инсталиран на киосците, каде што апликацијата што го скенира лицето не складира фотографии ниту препознава или идентификува луѓе на кој било начин, туку со примена на иновативни и докажани алгоритми, и врз основа на одредени параметри на лицето, ја одредува возраста или малолетноста на лицето. Во фазата на тестирање на киосците iNovin и Lafka, технологијата покажа висока точност, над 99 проценти.
Мрежата на iNovin и Lafka се состои од над 400 киосци низ цела БиХ. Повеќе од 800 вработени во овие киосци се обучени за користење на технологијата, а тие ќе ја користат за да им помогнат во продажбата на тутун и други производи што содржат никотин исклучиво на возрасни, заедно со постојните проверки што ги спроведуваат во согласност со законските одредби.