МИЦКОСКИ НЕ ГЛЕДА ЛОГИКА ВО ПОНИСКИ ЦЕНИ НА АЛКОХОЛОТ И НА ЦИГАРИТЕ Не исклучува можност да се продолжи со пониско ДДВ кај горивата

Премиерот вели прво ќе видат што ќе се случува овој месец, а потоа ќе носат економски таргет мерки за намалување на инфлацијата.

20

Будно ја следиме состојбата и се разбира дека разгледуваме мерки коишто ќе бидат во корист на граѓаните, порача премиерот Христијан Мицкоски, одговорајќи на новинарско прашање дали ќе бидат донесе нови економски таргет мерки, имајќи ја предвид стапката на инфлација.

Мицкоски појасни дека просечната инфлација е  под 4,5 во првите четири месеци и како што рече „е една од најниските, ако не и најниска во регионот“.






​- Од нашата анализа, конкретно за мајската инфлација, главниот драјвер на тоа зошто е таа 4,7% на годишно ниво за мај, се два сектора, односно два типа на производи. Тоа се транспортните услуги кои се двоцифрени, над 10%, и блиску до двоцифрени се алкохолот, цигарите и тутунските производи. ​Тука јас навистина не би сакал мерки да применувам. Напротив, можеби уште поригорозни мерки треба, затоа што целта наша е да се заштити здравјето на граѓаните. Така што, во делот на алкохолните пијалаци, тутунот и цигарите, односно тутунските производи и цигарите, нема потреба од никакви мерки и еве однапред кажуваме дека тука нема да има мерки – подвлече Мицкоски.

Што се однесува во делот на транспортот, премиерот Мицкоски посочи дека Владата веќе разговара со транспортерите.

– Најголемиот дел е авионскиот превоз поради скапиот керозин, чија цена е двојно повисока. Така што, тука може да интервенираме повторно во делот на даноците – рече Мицкоски.

Премиерот вели прво ќе видат што ќе се случува овој месец, а потоа ќе носат економски таргет мерки за намалување на инфлацијата.

Поврзани содржини