„БУГАРИЈА Е ЧЛЕНКА НА ЕУ, А МАКЕДОНИЈА Е САМО КАНДИДАТ“ Георгиев се фали со избришаниот македонски јазик како успех против „пропагандата на Мицкоски“

Премиерот Христијан Мицкоски очигледно не е возбуден од позитивниот развој на неговата земја, туку води битка од сугестии кои се неплодни. Успеавме да спречиме Европскиот Парламент да биде искористен за домашна политичка пропаганда на Мицкоски, бугарскиот министер за надворешни работи Георг Георгиев во врска со извештајот на Европскиот Парламент, од кој со амандмани беа избришани термините македонскиот јазик и идентитет.

613

 

Бугарија е силна земја, Бугарија е фактор и во Европската Унија и во регионот, а тоа Северна Македонија мора да го има предвид – ние сме земја-членка на ЕУ, а Северна Македонија засега е само кандидат, изјави бугарскиот министер за надворешни работи Георг Георгиев во врска со извештајот на Европскиот Парламент, од кој со амандмани беа избришани термините македонскиот јазик и идентитет, а по што премиерот Хритијан Мицкоски рече дека Бугарија има јасна цел да ја унништи македонската нација.






– Северномакедонскиот премиер очигледно не е возбуден од позитивниот развој на неговата земја, туку води битка од сугестии кои се неплодни. Успеавме да спречиме Европскиот Парламент да биде искористен за домашна политичка пропаганда на Мицкоски – рече Георгиев.

Мицкоски спроведува кризен пи-ар, веројатно за да се оправда пред сопствените граѓани затоа што ги излажал, додаде тој.

– Верувам дека граѓаните на РСМ, кои го заслужуваат своето членство во ЕУ и заслужуваат лидери кои можат да ги водат кон тоа, можат да разликуваат што е реално на патот на европската интеграција, а што ги оддалечува од неа – рече Георгиев во разговор за бТВ.

Тој рече дека спорот за историјата им бил оставен на историчарите кога бил потпишан Договорот за пријателство и добрососедство.

– А темите поврзани со јазикот и идентитетот треба да ѝ припаѓаат на научната заедница. Имаме заедничка историја и ова не треба да биде присвојувано од никого – рече бугарскиот министер.

Поврзани содржини