🎥 МАКЕДОНЕЦОТ НИКОЛА СТАНИШИЌ Е ПОБЕДНИК НА „ЅВЕЗДИТЕ НА ГРАНД“ „Им благодарам на мојата Македонија и на мојата менторка Цеца“
Македонецот Никола Станишиќ (25) е победник на српското музичко натпреварување „Ѕвездите на Гранд“. Во саботата се одржа финалето на музичкото шоу, а победата ја однесе Станишиќ.
Македонецот Никола Станишиќ (25) е победник на српското музичко натпреварување „Ѕвездите на Гранд“. Во саботата се одржа финалето на музичкото шоу, а победата ја однесе Станишиќ.
Победничката статуа ја врачи Сузана Јовановиќ, вдовицата на Саша Поповиќ, а оваа година беше воведена и посебна награда – плакета со името на Саша Поповиќ во спомен на ликот и делото на човекот кој го „Ѕвездите на Гранд“.
= Не е крај, исто како што Сале дури и не си замина. Мислам дека неговиот дух се чувствува овде вечерва. Ова е многу емотивно за мене. Сакам да му го доделам ова посебно признание на некој што навистина го заслужува – рече Сузана.
View this post on Instagram
Никола Станишиќ, единствениот Македонец кој пееше во финалето на „Ѕвездите на Гранд“, во своето Волково ќе се врати со победничкиот трофеј. Прва му честиташе неговата менторка, српската фолк ѕвезда Светлана Цеца Ражантовиќ, која го прегрнуваше и со него ја сподели радоста.
Покрај признание и статуа, тој беше награден и со автомобил „Фиат“, како и комплетен маркетинг што ќе му помогне во понатамошната кариера.
– Им благодарам на мојата Македонија и на мојата менторка – рече победникот на осумнаесеттата сезона на „Ѕвездите на Гранд“.
Тензијата беше присутна до самиот крај, а првото место и 130.740 гласови од публиката му припаднаа на кандидатот кој беше во тимот на Цецa Ражнатовиќ, млад пејач од Македонија, Никола Станишиќ.