ОРЦЕ ЃОРЃИЕВСКИ Е КАНДИДАТ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК НА СКОПЈЕ Одлуката на Извршниот комитет ја соопшти лидерот на ВМРО-ДПМНЕ

1,572

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ одлучи Орце Ѓорѓиевски да биде кандидат за градоначалник на Градот Скопје од ВМРО-ДПМНЕ.

Одлуката ја соопшти партискиот лидер Христијан Мицкоски во изјава пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ.






– Тој води убедливо, дури петпати, споредбено со решенијата на СДСМ. Тој со својата максимална посветеност, покажа и докажа дека умее и сака да работи за граѓаните. Знам дека Орце е исклучително мотивиран да победи и да победува секој ден за Скопје и скопјани. Тој е достапен и отворен, кој решава проблеми, по четири години девастирање на Градот. Тој ќе има задача да го врати градот на скопјани – рече Мицкоски.

Ѓорѓиевски кажа дека е свесен во колку лоша состојба се наоѓа градот и истакна дека е подготвен да го воскресне Скопје.

– Време е да изградиме град со кој не само ние, туку и генерациите после нас ќе се гордеат. Фокус ќе бидат сообраќајниот хаос и хигиената. Градот ни е валкан и тоа е најголемиот проблем на скопјани – рече Ѓорѓиевски.

Ѓорѓиевски е актуелен градоначалник на скопската општина Кисела Вода.

Локалните избори ќе се одржат во октомври.

Поврзани содржини