КОСТАДИНОВ ОДЛУЧИ, НЕМА ДА СЕ ТРКА КАКО НЕЗАВИСЕН КАНДИДАТ „Им требаа 24 часа да си го покажат лицето во СДСМ“
Не, јас не одам како кандидат. Јас се повлекувам во тишина, за да создадам нова визија за СДСМ – партија со авторитет, со план, со луѓе кои разбираат стратегија и знаат дека партијата е жив организам, а не штаб за оговарање. И да не се лажеме – не сум политички наивен. Не сакам да бидам маша во сценарио за изборен пораз, вели градоначалникот на Струмица на Фејсбук.
Градоначалникот на СДСМ Костадин Костадинов во објава на Фејсбук најави дека нема да се трка како независен кандидат на претстојните локални избори во октомври. Неговата објава доаѓа само неколку часа откако тој напиша дека ќе учествува на изборите со две независни советнички листи.
Во новата објава, Костадинов вели дека се повлекува за да се врати достоинството на СДСМ. Тој вели дека на неговите сопартијци од СДСМ им требале неполни 24 часа „да си го покажат лицето“ и дека „пуштаат анкети со лајкови по групи на Фејсбук“.
„Некогаш, за да си ги видиш луѓето околу себе, не треба повеќе од една реченица. Толку е доволно да го прочиташ пулсот.
Да видиш кој што мисли, кој мисли како тебе, кој не мисли воопшто. Да видиш која е вистинската состојба на партијата – има ли таму уште искрени луѓе или само спакувани кариери со фолија за замрзнување.
Кога споменав можност за независна кандидатура – без воопшто да одлучам – мислев дека ќе треба барем две недели за да се охрабрат и најголемите глумци да го покажат лицето. Не. Не им требаа две недели. Им требаа помалку од 24 часа.
Секоја чест на исклучоците – на вистинските другари, чесните, лојалните, тие што навистина сакаат СДСМ да си го врати достоинството.
А раководството? Раководството си донесе одлука – и покрај мое убедливо водство на сите анкети. Но, во обид да го убијат разумот, почнаа да пуштаат анкети на Фесјбук, со лајкови по групи, затоа што веќе не веруваат ни во анкетите што самите ги платиле.
Епа, жално. Со такво раководство, многу е и една општина да се победи.
Не, јас не одам како кандидат. Јас се повлекувам во тишина, за да создадам нова визија за СДСМ – партија со авторитет, со план, со луѓе кои разбираат стратегија и знаат дека партијата е жив организам, а не штаб за оговарање.
И да не се лажеме – не сум политички наивен. Не сакам да бидам маша во сценарио за изборен пораз. Брзо го загризаа тој наратив, но уште побрзо ќе го голтнат поразот. Мојата стратегија ќе биде јасна – и ќе биде поделена во два дела:
🔸 Првиот – во септември.
🔸 Вториот – по завршување на локалните избори.
До тогаш, правете си анкети по Фејсбук групи. Дури и тоа нека помогне да се победи барем во една општина. Јас ќе останам член со замрзнат статус – додека не ги видам резултатите. После – ќе биде друга песна. На првиот тест, паднавте. Во октомври, играјте повнимателно. Народот не е повеќе глупав. Политиката е игра на мудрите, изгледа и мудрост ѝ фали на партијата.
Со почит, Костадин Костадинов
Политичар кој нема изгубено избори и знае кога е време да се повлече еден чекор, за да се врати достоинството на СДСМ“, вели Костадинов.
Во претходен пост Костадинов се обрати до неговите, како што вели , поранешни другари во партијата: