📷 БРИТАНЕЦ МИСЛЕЛ ДЕКА СЕ ДОПИШУВА СО ЏЕНИФЕР АНИСТОН, ПА ОСТАНАЛ БЕЗ ПАРИ Поверувал дека таа му пишува дека го сака
Британецот Пол Дејвис откри дека бил сурово измамен за 200 фунти – откако добил порака од лажна Џенифер Анистон, односно од измамници кои со помош на вештачката интелигенција создале снимки и фотографии од актерката, пишува „Дејли мејл“.
Пол Дејвис, 43, од Саутемптон, стана жртва на нов бран измами со вештачка интелигенција откако бил „бомбардиран“ со пораки од лажни профили на познати личности на социјалните мрежи.
Невработен маж кој страда од депресија изјавил дека е „немилосрдна“ цел на видеа генерирани од вештачка интелигенција – вклучувајќи ги и оние со Марк Закерберг, Илон Маск, па дури и ѕвездата од „Пријатели“, Џенифер Анистон.
I was scammed out of hundreds of pounds by an AI deepfake Jennifer Aniston who told me she loved me https://t.co/051Okc8BgC
— Daily Mail (@DailyMail) July 1, 2025
На тој начин, на Дејвис му била испратена фотографија од она што изгледало како возачка дозвола на Џенифер Анистон, пред таа да му каже дека „го сака“ и да побара пари.
Тој рекол: „Имам лажни видеа од Џенифер Анистон како ми бара 200 фунти и вели дека ме сака“.
За жал, Пол верувал дека пораката е вистинита – и ги испратил парите во форма на неповратни подарочни картички на „Епл“.
Измамата е дел од растечката онлајн закана, каде што напредната технологија на вештачка интелигенција се користи за креирање доста убедливи лажни видеа од познати личности – сите дизајнирани да ги измамат луѓето да се откажат од пари или лични информации.
Порано оваа година, приказната за Французинка по име Ана, која верувала дека е во врска со Бред Пит, ги погоди светските медиуми. Таа му испратила на лажниот актер 830.000 евра и се развела од мажот поради него.