НОВИ ПРЕГОВОРИ ВО ИСТАНБУЛ, НО БЕЗ ТОЧЕН ДАТУМ По размена на заробениците, Кремљ најавува нови разговори со Украина

Попладнево беше извршена уште една размена на заробеници, но сè уште нема официјални информации за точниот број на ослободени.

171

Кремљ денеска соопшти дека сè уште нема напредок во определувањето на датумот за следниот круг мировни преговори со Украина, кои треба да се одржат во Истанбул. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека конечниот термин за третиот круг разговори ќе биде одреден по завршувањето на размената на воени заробеници, што беше договорено на вториот круг преговори.

– Сега се фокусираме на спроведувањето на хуманитарните договори постигнати на вториот круг директни руско-украински преговори во Истанбул. По финализирањето на сите договорени процедури, ќе одлучиме за датумите на третиот круг – изјави Песков, додавајќи дека Русија ја поддржува посредничката улога на САД во процесот.






По повеќе од три години пауза, Русија и Украина одржаа два круга директни преговори во Истанбул на 16 мај и 2 јуни, кои резултираа со неколку размени на воени заробеници и враќање на посмртните останки на загинати војници. Попладнево беше извршена уште една размена на заробеници, но сè уште нема официјални информации за точниот број на ослободени.

Поврзани содржини