ПОВЕЌЕ ОД 6.000 ЛИЦА АПЛИЦИРАЛЕ ЗА МЕРКИТЕ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ Дурмиши даде отчет и за мерките за зауздување на цените

Дурмиши говореше и за преземените мерки за стабилизирање на цените кои оцени дека дале резултати преку намалување на инфлацијата како и за новиот начин на контрола на цените преку мерки со долгорочни резултати.

1,211

Оперативниот план за вработување за 2025 е клучен проект на Министерството за економија и труд во изминатата година, рече денеска министерот  Бесар Дурмиши кој даде отчет за сработеното.

Тој рече дека  планот за чија реализација се издвоени 40 милиони евра е насочен кон повеќе од 16 илјади граѓани.






Дурмиши информира дека преку четирите јавни повици кои се во тек се добиени 6.026 апликации.

– Планот опфаќа низа специфични мерки за обуки, стекнување вештини и грантови за сопствени бизниси со кои ќе им се помогне на различни категории граѓани – млади до 29 години и луѓе од ранливи групи да се (само)вработат и да станат економски независни – рече тој.

Дурмиши говореше и за преземените мерки за стабилизирање на цените кои оцени дека дале резултати преку намалување на инфлацијата како и за новиот начин на контрола на цените преку мерки со долгорочни резултати.

– Стапката на инфлацијата е намалена за 1,3 проценти, а цените на храната за 3 проценти само во март 2025, а преку други мерки кои дадоа резултати постигнавме намалување на цените и реална заштеда за семејствата – рече Дурмиши.

Тој рече и дека во март е реализирано законското зголемување на минималната плата – од 22.567  на 24.379 денари односно покачување од околу 8%.

Во отчетот Дурмиши информираше и дека се зајакнати инспекциите така што Трудовиот инспекторат ги зголемил контролите за 20 отсто, а Пазарниот инспекторат за 15 проценти.

-Оваа беше година на предизвици, а уште повеќе година на труд, посветеност и вистинска ориентација кон граѓанинот. Нашите политики имаат една заедничка нишка – подобрување на квалитетот на живот, зајакнување на пазарот на трудот и обезбедување економски раст и стабилност – рече Дурмиши.

Поврзани содржини