ЗЕЛЕНСКИ ЗАДОВОЛЕН ПО СРЕДБАТА СО ТРАМП Двајцата лидери речиси еден час разговарале за мирот во Украина
Претседателот на Украина му се заблагодари на американскиот колега за одвоеното внимание и за подготвеноста за изнаоѓање решение за крај на војната.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски соопшти дека имал „долга и суштинска средба“ со американскиот претседател Доналд Трамп.
– Ги опфативме сите навистина важни прашања – напиша тој, изразувајќи благодарност до „претседателот и до Соединетите Држави.
Зеленски информира дека разговарале за тоа „како да се постигне прекин на огнот и вистински мир“ и „како да се заштити украинскиот народ“.
– Ги цениме вниманието и подготвеноста да помогнете да се приближи мирот – нагласи Зеленски.
Тој најави дека подоцна ќе следат детали за средбата.