„ПУЛС“ ЌЕ СЕ СУДИ ВО СКОПЈЕ Нема судии во Кочани, целиот предмет оди во главниот град

Судењето за една од најголемите трагедии во поновата историја на земјата ќе почне во наредните месеци, откако Кривичниот суд во Скопје ќе ги преземе сите списи од Кочани.

1,176

Основниот кривичен суд во Скопје ќе го води судењето за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, во кој животот го загубија 62 лица. Оваа одлука денеска ја донесе Врховниот суд на Република Северна Македонија, откако беше утврдено дека судовите во Кочани, Штип и Струмица немаат услови да го водат предметот.

„Советот за казниви дела при Врховниот суд на Република Северна Македонија, денес на 25 јуни 2025 годинa донесе Решение КР-35/25, со кое за стварно и месно надлежен суд за постапување по предметот КООА.бр.13/25 на Основен суд Кочани, оформен во врска со пожарот кој се случи на 16 март 2025 година во дискотеката ‘Пулс’, го определи Основниот кривичен суд Скопје“, информираат од Врховниот суд.






Во случајот се обвинети 34 лица, кои се товарат за кривични дела поврзани со тешката несреќа што ја потресе јавноста.

До ваквиот развој на настаните дојде откако сите пет судии во Основниот суд Кочани се изземаа од предметот, поради тоа што веќе постапувале во прв или втор степен во истиот случај.

Штипската Апелација достави мислење според кое не само Кочани, туку и судовите во Штип и Струмица не исполнуваат услови да го ценат обвинението и да го спроведат процесот.

Со цел да се обезбеди фер и непристрасно судење, Врховниот суд пресече: најголемиот суд во државата – скопскиот Кривичен – ја презема надлежноста.

Судењето за една од најголемите трагедии во поновата историја на земјата ќе почне во наредните месеци, откако Кривичниот суд во Скопје ќе ги преземе сите списи од Кочани.

Поврзани содржини