КРВАВО УТРО ВО ГАЗА, УБИЕНИ НАЈМАЛКУ 30 ПАЛЕСТИНЦИ Израелски напади без поштеда, телата меѓу кутии со хуманитарна помош

Во еден напад, пет члена на едно семејство се убиени во северозападниот дел од градот Газа, додека 13 лица се примени во болницата Ал-Шифа со сериозни повреди.

210

Најмалку 30 Палестинци се убиени во израелските воени операции од утрово, објавува Ал Џезира.

Во еден напад, пет члена на едно семејство се убиени во северозападниот дел од градот Газа, додека 13 лица се примени во болницата Ал-Шифа со сериозни повреди.






Гладни луѓе се собрале околу центрите за дистрибуција на храна во Рафа или во коридорот Нецарим.

Тринаесет лица беа убиени денеска додека барале помош.

Нецарим е изграден од израелските сили на местото на некогашната палестинска населба со огромно земјоделско земјиште.

– Сега е поле од урнатини за израелскиот „безбедносен коридор – објавува Ал Џезира.

Поврзани содржини