ЗЕМЈА НА ПРОСПЕРИТЕТ, РЕД, РАЗВОЈ, ПОЧИТ, ЧОВЕЧНОСТ, ВРЕДНОСТИ Таква Македонија ветува Христијан Мицкоски

„Чуда не се можни преку ноќ, но со истрајност, заедништво, труд и јасен план потпрен на темелите на развој кој ги поставуваме минатава година, развојот е возможен и на дофат, а најдоброто допрва доаѓа“, вели премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, во отчетната порака до граѓаните.

783

Секој почеток е тежок. Секој нов почеток е уште потежок, затоа што наследуваш веќе стекната состојба и како што народот вели, не почнуваш од нула, туку од минус. И повторно градиш темели, одново поставуваш столбови и ги засилуваш носечките кои дотогаш биле дотраени, кршени, рушени. Тие нови темели стануваат фундамент на новата иднина која заеднички ја градиме, тие нови темели се секојдневната борба за тебе и твојата иднина.

Фото: Влада на РСМ





Тие темели треба да го донесат времето на Македонија, време кое допрва доаѓа. Најдоброто кое допрва ќе се случи. Она што сите го очекуваме, сакаме, заслужуваме и за кое секој ден, се трудиме и чекор по чекор се бориме. Земја на просперитет, ред, развој, почит, човечност, вредности. Земја со која ќе се гордееме, земја која ќе биде на вистинскиот пат, повторно твоја и ќе работи за тебе.

За една година покачивме:
✅️ Пензии и плати,
✅️ Градиме патишта,
✅️ Над 1.2 милијарди евра странски инвестиции,
✅️ Вработени 1000 полициски службеници,
✅️ За прв пат после 7 години во учебната година 2024-2025 се започна со испорачани учебници, над еден милион примероци беа поставени на училишните клупи, на првиот училишен ден и покрај краткиот рок,
✅️ Обезбедени 680 милиони денари буџет за наука во 2025 година, двојно повеќе од 2024 година.
✅️ Одобрени 229 милиони денари за проекти од областа на животната средина,
✅️ 500 милиони евра за бизнисот и капитални проекти за општините,
✅️ Македонската економија на 4-то место во Европа според растот на БДП, во првиот квартал и се наоѓа веднаш зад Ирска, Данска и Полска… и многу други работи.

Имаме уште многу работа, свесни за предизвиците на секојдневието и реалните проблеми на граѓаните, како што знаеме дека вие сте свесни што наследивме, дека чуда не се можни преку ноќ и дека не е лесно, но со истрајност, заедништво, труд и јасен план потпрен на темелите на развој кој ги поставуваме минатава година, развојот е возможен и на дофат, најдоброто допрва доаѓа, плодовите на нашата работа допрва ќе се чувствуваат. Секогаш блиску до народот и за граѓаните. Утре се гледаме на отчетот на првата година од Владата на промени во 20:00 часот.
1 година од новиот почеток,
1 година градење темели,
1 година за тебе!
Доаѓа Времето на Македонија!
Ги градиме темелите на промените!

Поврзани содржини