АРАГЧИ ИТНО ЛЕТА ЗА МОСКВА Средба со Путин поради опасниот напад на САД врз Иран

Нема црвена линија што не ја преминале. А последната и најопасната беше премината синоќа. Тие преминаа една голема црвена линија со напаѓање на нуклеарни објекти, рече иранскиот министер.

740

Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи изјави дека ќе ја посети Москва за да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин. Тој рече дека ќе замине таму денеска. Неговата средба со Путин ќе биде утре.

Арагчи ја даде изјавата на маргините од состанокот на Организацијата за исламска соработка во Истанбул.






Тој рече дека САД и Израел преминале голема црвена линија, осврнувајќи се на синоќешните американски напади врз критичните ирански нуклеарни објекти.

– Нема црвена линија што не ја преминале. А последната и најопасната беше премината синоќа. Тие преминаа една голема црвена линија со напаѓање на нуклеарни објекти – рече Арагчи.

Министерот посочи дека Иран ќе се брани со сите можни и неопходни средства по американските напади. Тој ги обвини САД и Израел дека одлучиле да уништат каква било можност за дипломатија.

Поврзани содржини