ПРЕСУДА ЗА УБИСТВАТА НА ВАЊА И НА ПАНЧЕ НА 25 ЈУНИ Палевски заклучи дека мотивот за двете убиства не е реализиран, но дека Обвинителството морало да го докаже

Велибор Манев е организатор, Боре е пукач, а Влатко Кешишев е стражар на двете убиства, а мотивот не значи дека е реализиран, но ОЈО мора да го докаже, повтори првообвинетиот Љупчо Палевски.

3,140

На 25 јуни, среда, во 10 часот ќе биде објавена пресудата за петмината обвинети за грабнувањето и за убиствата на Вања Ѓорчевска и на Панче Жежовски што се случија во ноември 2023 година.

Сите обвинети, освен Боре Видевски денеска ги кажаа нивните завршни зборови. Последен зборуваше првообвинетиот Љупчо Палевски, кој за себе рече дека не учествувал во кривичните настани, а го посочи Велибор Манев како организатор, Боре како пукач, а Влатко Кешишев како стражар на двете убиства.






Во својот завршен збор Палевски посвети внимание на фотографија од убиениот Панче најдена во телефонот на Манев, за која рече дека е направена 9 дена пред убиството на Жежовски.

– Овој круцијален доказ за тоа кој е организатор, судијата и ОЈО го заборавија. Нема прашање зошто Манев ја сликал жртвата и сликата ја пратил до Видевски. Кој обвинет следи и слика жртви? Обвинетиот Манев е организатор, кој пак вели дека јас сум организатор. Видевски и Кешишев кажаа дека не се под уцена од мене. Во времето кога Манев сликал, не бил под уцена. Заклучувам, дека со ќотек или не, факт е дека уште на 6.12.2023 година, Манев измислува дека јас сум зборувал со Вања. А на сивата лента кај Вања има негова ДНК. За да се спаси од тешко убиство на дете, измисли 40-годишна жена, за што Кешишев рече дека не слушнал такво нешто. Со хаосот од измислици, како дека Вања е грешка, разговор со Вања, утврдени се и прецизирани одлучувачки факти – дека Манев е организатор на ова злосторство. Тој ги купил или ги набавил сите употребени средства во овие злосторства, за што и самиот призна. Измисли слики за Вања, идентична како 40-годишна жена, а ОЈО не се ни потруди да ја расчисти таа околност дали од таа зграда секое утро во тоа време излегува таква жена како што одговара на описот – рече Палевски.

Според него, ОЈО и МВР морале, кога на 06.12.2023 година слушнале дека Вања била грешка, да постават инспектор пред зградата да ги слика сите луѓе кои излегуваат од 7 до 8 часот, за да се утврди дали излегуваат жени на 40-годишна возраст. Со ова, уште веднаш околноста дека Вања е грешка ќе се расчистела.

– Намерата на ОЈО е без докази да ме осудат, но зошто судот ги игнорира доказите? Зошто никој не го праша Манев зошто ако Палевски дошол од Скопје само за да пука, зошто сликата му е пратена на Боре? Зошто обвинетитот измисли лице со син ранец, а денеска во напад на совест посочи и име и презиме на човекот кој наводно го зел ранецот. Координацијата со обвинетиот Кешишев за кажување лаги се покажа ефикасна. Факт е дека тие двајцата дале 5 искази во ОЈО и ниеднаш не спомнале син ранец и пиштоли на Боре. Манев е организатор, а мотивот не значи дека е реализиран, но ОЈО мора да го докаже. А како да го докаже, кога ОЈО не го прашал ако Вања е грешка, каква врска има таткото Александар? Зошто не се бараше оружјето? Боре наводно заборавил каде го скрил, оружје со дозвола. Доказите зборуваат едно, а ОЈО упорно тврди дека јас сум организатор – рече Палевски.

Според него, таткото Александар бил „подготвен за втората фаза, за уцена“, па затоа бил измислен како помагач на Палевски.

– Одбивањето да се бара пиштолот на Боре е доказ дека процесот нема врска со правдата, туку е политички. Манев е организатор, Кешишев е стражар, а Видевски е пукач. Докажав дека на 21 и на 22 ноември сум во Скопје, дека на 27 ноември сум во штабот, „реното кангу“ не било на местото Дупки. Јас оваа одбрана не ја водев поради вас, туку поради моето семејство, ќерка ми и тие што ме знаат. Господ нека ѝ е на помош на Македонија – го заврши Палевски својот исказ.

Поврзани содржини