ДАЛИ ДОГОВОРОТ МЕЃУ РУСИЈА И ИРАН ПРЕДВИДУВА ВОЕНА ПОДДРШКА? Кремљ очигледно е со Техеран, вели Песков

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, посочи и дека секоја интервенција од САД во конфликтот меѓу Иран и Израел би значела „ужасна спирала на ескалација“.

1,388

Очигледно е дека Русија го поддржува Иран во конфликтот со Израел, изјави портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков, објави руски Интерфакс.

– Во целина, нашата поддршка е очигледна – рече Песков во интервју за РБК ТВ.






Во исто време, договорот за стратешко партнерство меѓу Русија и Иран не предвидува воена поддршка, а Техеран досега не побарал таква помош, додаде тој.

Песков посочи и дека секоја интервенција од страна на САД во конфликтот меѓу Иран и Израел би значела „ужасна спирала на ескалација“, објави новинската агенција Интерфакс, пренесе Тајмс оф Израел.

Израел вели дека неговиот широк напад врз иранските високи воени лидери, нуклеарни научници, постројки за збогатување ураниум и програмата за балистички ракети е неопходен за да се спречи Исламската Република во реализирањето на нејзиниот отворен план за уништување на еврејската држава.

Иран возврати со лансирање на над 400 ракети и околу 1.000 дронови кон Израел. Досега се убиени 24 лица во Израел, а над 500 луѓе се ранети.

„НЕ САКАМ ВООПШТО ДА ЗБОРУВАМ ЗА ТAА ИДЕЈА“ Путин е загрижен за можната ликвидација на ајатолахот Хамнеи

Поврзани содржини