САД СЕ ПОДГОТВУВААТ ЗА НАПАД НА ИРАН Се споменува и можен датум

Претседателот на САД, Доналд Трамп, вчера јавно разговараше за можен напад врз Иран, велејќи дека има „идеи што да прави“.

1,180

Американските претставници подготвуваат можен напад врз Иран во наредните денови, објави Блумберг, повикувајќи се на неименувани извори запознаени со ова прашање.

Изворите велат дека се во тек дипломатски разговори, вклучително и планиран состанок на министрите за надворешни работи на Велика Британија, Франција и Германија со нивните ирански колеги во Женева утре.






Некои извори велат дека е можно американски напад врз Иран да биде извршен во текот на викендот.

-Високи претставници во неколку федерални агенции, исто така, почнаа да се подготвуваат за напад – рече еден извор.

Претседателот на САД, Доналд Трамп, вчера јавно разговараше за можен напад врз Иран, велејќи дека има „идеи што да прави“.

Часови претходно, Трамп рече: „Можеби ќе го направам тоа. Можеби и нема да го направам“, кога беше прашан дали нападот врз Иран е неизбежен.

Весникот „Волстрит џурнал објави дека Трамп вчера ги информирал своите високи помошници дека ги одобрил плановите..

Добро бранетиот објект за збогатување ураниум Фордоу на Иран е можна американска цел; тој е закопан под планина и генерално се смета од воените експерти за надвор од дофат на сите освен најмоќните бомби, наведува весникот.

Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, вчера изјави дека неговата земја нема да се предаде и предупреди дека секоја воена интервенција на САД ќе донесе непоправливи последици.

Израел и Иран продолжија да разменуваат оган и денеска.

Поврзани содржини