ПОЛИЦАЕЦ ИЗДАВАЛ ДОЗВОЛИ НА ОПАСНИ СТРАНЦИ Службеник дозволил престој на 7 лица иако биле ризик за државата

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР ја поднесе пријавата до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, поточно до специјализираното одделение за дела сторени од лица со полициски овластувања и затворска полиција.

2,193

Полицаецот Р.Н., вработен во Регионалниот центар за гранични работи Исток заработи кривична пријава поднесена од Министерството за внатрешни работи поради сомнение за несовесно работење во службата. Тој, според информациите, им издал дозвола за престој на седум странски државјани и покрај безбедносни податоци дека тие претставуваат ризик за државата.

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР ја поднесе пријавата до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, поточно до специјализираното одделение за дела сторени од лица со полициски овластувања и затворска полиција.






Во соопштението се наведува дека пријавениот Р.Н. во два наврати во декември 2024 година и во пет наврати во април 2025 година, постапил спротивно на законските прописи. Иако безбедносните проверки покажале дека седумте странски државјани претставуваат закана за јавниот поредок, националната безбедност, јавното здравје или меѓународните односи на државата, тој сепак издал решенија со кои им се одобрува привремен престој во Северна Македонија.

– Министерството за внатрешни работи останува цврсто посветено на утврдување одговорност кај сите службени лица што ги прекршуваат законите. Ваквите постапки се недозволиви и ќе бидат санкционирани соодветно – наведуваат од МВР.

Постапката сега е во рацете на обвинителството, а од МВР најавуваат целосна соработка во натамошната истрага.

Поврзани содржини