ЌЕ СЕ РЕКОНСТРУИРА КИНОТО „ПАРТИЗАН“ ВО БИТОЛА Мицкоски најавува инвестиции од над 100 милиони евра

Премиерот Мицкоски заедно со министерот за транспорт и врски и градоначалникот на Битола изврши увид во неколку инфраструктурни проекти, при што истакна дека се работи за капитални инвестиции што директно го подобруваат квалитетот на животот на граѓаните.

721

Во Битола официјално започна реконструкцијата на киното „Партизан“, еден од симболите на градот. Реконструкцијата е дел од поширок инвестициски циклус вреден над 100 милиони евра, најави премиерот Христијан Мицкоски за време на денешната работна посета на градот.

Премиерот заедно со министерот за транспорт и врски и градоначалникот на Битола изврши увид во неколку инфраструктурни проекти, при што истакна дека се работи за капитални инвестиции што директно го подобруваат квалитетот на животот на граѓаните.






– Убеден сум дека сето ова значи и ќе значи додадена вредност во квалитетот на живот на битолчани – изјави Мицкоски, додавајќи дека со досегашната посветена работа, градоначалникот заслужува силна поддршка на следните локални избори.

Тој посочи дека поради опструкции во Советот на општината, не се реализирале некои планирани проекти, како изградбата на спортската сала. Сепак, како што рече, очекува дека во следниот мандат и тој проект ќе почне.

Според Мицкоски, Битола е приоритетна точка за Владата.

– Битола е во рамките на нашиот периметар на најголем фокус, така било и така и ќе остане – порача тој.

Во следниот период, покрај реконструкцијата на киното „Партизан“, во градот ќе се работи и на топлификацијата, изградбата на пречистителна станица, уредување улици, булевари, паркови, како и обнова на училишта и градинки. Вкупната вредност на инвестициите надминува 100 милиони евра.

Поврзани содржини