ПАПАТА ИМЕНУВАШЕ ПРВ КИНЕСКИ БИСКУП „Оваа е историска одлука на Ватикан“

207

Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Лав XIV за првпат назначи кинески бискуп во согласност со договорот на Ватикан со Пекинг од 2018 година, сигнализирајќи дека продолжува една од најконтроверзните одлуки на папата Франциск во надворешната политика, објавува АП, истакнувајќи дека станува збор за историска одлука на Ватикан.

Како што објави Ватикан, кинеските власти на 5 јуни официјално го признаа назначувањето на Џозеф Лин Јунтуан за помошен бискуп во епархијата Фуџоу, што беше оценето како „плод на дијалогот меѓу Светата столица и кинеските власти и значаен чекор на заедничкиот пат на таа епархија“.






Договорот од 2018 година, чии детали никогаш не беа објавени, ѝ овозможува на државната Католичка црква во Кина одредено влијание врз назначувањето на црковните водачи, додека папата го задржува правото да стави вето на конечниот избор.

Папата Франциск се соочи со остри критики од конзервативните кругови во рамките на Католичката црква, особено поради неговите отстапки кон Пекинг и загриженоста за лојалноста на таканаречената илегална црква, која со години остана лојална на Ватикан и покрај прогонството.

Според проценките, денес во Кина живеат околу 12 милиони католици, поделени меѓу официјалната, државна црква која не ја признава папската власт и илегалната црква, чии членови честопати биле подложени на притисоци и апсења. Целта на договорот беше да се надмине оваа поделба, да се нормализира статусот на седум епископи кои дотогаш не биле признати од Рим и да се започне процесот на обнова на односите меѓу Пекинг и Ватикан, кои беа прекинати во 1951 година.

Поврзани содржини