📽️ СЛАВЈЕТО НА ЛИВЕРПУЛ ЗАВРШИ СО ТЕЖОК ИНЦИДЕНТ Автомобил влета во толпата

Би сакале да ги замолиме граѓаните да не шпекулираат за околностите на вечерашниот инцидент на улицата Вотер во центарот на Ливерпул. Можеме да потврдиме дека уапсениот маж е 53-годишен бел маж со британско потекло од областа на Ливерпул. Во тек е обемна истрага за да се утврдат околностите што довеле до судирот, соопшти британската полиција.

800

Полицијата во Мерсисајд соопшти дека е уапсен 53-годишен бел маж со британско потекло од областа на Ливерпул, објави Би-Би-Си. Апсењата се случија откако автомобил влета во толпа луѓе за време на победничката парада на ФК Ливерпул за прослава на освојувањето на Премиер лигата.

Mажот влетал со автомобил во навивачите на Ливерпул кои на улиците на истоимениот град ја прославувале титулата во Премиер лигата која започна во 14 часот по локално време.






„Би сакале да ги замолиме граѓаните да не шпекулираат за околностите на вечерашниот инцидент на улицата Вотер во центарот на Ливерпул. Можеме да потврдиме дека уапсениот маж е 53-годишен бел маж со британско потекло од областа на Ливерпул. Во тек е обемна истрага за да се утврдат околностите што довеле до судирот. Ги молиме граѓаните да не споделуваат вознемирувачка содржина онлајн, туку да ни испраќаат снимки или информации директно на MerPolCC или да ги пријават информациите со повик на 101, наведувајќи го бројот за пријавување 784. Информациите може да се достават и анонимно преку Crimestoppers на 0800 555 111“, порачуваат од полицијата.

 

Поврзани содржини