ПРВО ДА СЕ ЕТАБЛИРА КАКО ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ПАРТИЈА, ПОТОА ДА БАРА ДА РАЗГОВАРА ЗА СТРАТЕШКИ ТЕМИ Мицкоски одбива лидерска средба со претседателот на СДСМ

Венко Филипче ем нема контрола во партијата и само му слугува на другарот Зоран Заев, ем сака да се факторизира со седнување на маса

318

Од ВМРО-ДПМНЕ експресно му одговорија на претседателот на СДСМ, Венко Филипче, да не се обидува да си го крева рејтингот со барања за лидерски средби.

„Лидерска средба имаше пред еден месец и во овие моменти не гледаме потреба за тоа. Ако Венко сака средби тие може да ги оствари со неговите коалициони партнери Ахмети, Таравари или Димче Апасиев. Тоа се исти луѓе со исти вредности. Венко Филипче ем нема контрола во партијата и само му слугува на другарот Зоран Заев, ем сака да се факторизира со седнување на маса. Филипче очигледно дека не знае дека треба да си го среди прво дворот, да се етаблира како претседател на партија, за потоа да има простор да разговара за стратешки теми на маса“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.






Филипче очигледно избра само да го следи делото на Заев, а на сите им е добро познато што правеше Заев, а што правеа заедно, се додава во реакцијата.

„Филипче и со изјавата дека не чувствува вина за Онкологија покажува дека него го води само голиот интерес за пари, без да има никаков однос кон сето она што го поминаа пациентите на Онкологија. Филипче е синоним за корупција и предавства, затоа најдобро е да покаже дека има грам човечност признавајќи барем вина за Онкологија.  Филипче е синоним за корупција и предавства, затоа најдобро е да покаже дека има грам човечност признавајќи барем вина за Онкологија“, реагира владејачката ВМРО-ДПМНЕ на барањето од Филипче за лидрска средба со Мицкоски.

Поврзани содржини