УАПСЕН ВО ГРЦИЈА ПО БЕГСТВО ОД 27 ГОДИНИ Македонец осуден за убиство конечно ќе ја отслужи казната

Според судските документи од Македонија, осудениот во 1997 година предизвикал сообраќајна несреќа, по што со огнено оружје го нападнал и усмртил 37-годишен македонски државјанин кој излегол од возилото.

1,523

60-годишен државјанин на Македонија, осуден на 15 години затвор за убиство извршено во ноември 1997 година, е уапсен во грчкиот град Катерини, јави грчката новинска агенција АНА-МПА, повикувајќи се на полициски извори.

Против лицето, кое според информациите по убиството избегало од земјата, била распишана европска потерница. Во изминатите децении, тој живеел во Бугарија и Турција, а конечниот траг му се изгубил сè до неговото апсење во Грција.






Според судските документи од Македонија, осудениот во 1997 година предизвикал сообраќајна несреќа, по што со огнено оружје го нападнал и усмртил 37-годишен македонски државјанин кој излегол од возилото.

Само една година по убиството, бил осуден на 15 години затвор, но останал недостапен за органите на прогонот.

Според АНА-МПА, уапсениот наскоро ќе биде изведен пред обвинител во Солун, каде ќе започне процедурата за негова екстрадиција во Македонија.

Поврзани содржини