АВТОМОБИЛ ИЗЛЕТА ПА СЕ ЗАПАЛИ КАЈ ПОРТА МАКЕДОНИЈА Возач од Македонски Брод повреден во сообраќајка во центарот на Скопје

Возачот се здобил со телесни повреди, а по укажаната прва помош бил пренесен во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“, каде му биле констатирани повредите.

1,439

Маж од Македонски Брод е повреден откако автомобил „Ауди А4“ излетал од коловозот и удрил во бетонски столбчиња, канделабра и тенда од продажен објект кај Порта Македонија во центарот на Скопје. Несреќата се случила ноќеска, нешто по полноќ, а возилото по ударот се запалило.

„На 25.05.2025 во 00.20 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосницата од ул. 11-ти Октомври со ул. Димитрије Чуповски, патничко возило ‘ауди а4’ со регистарски ознаки од Македонски Брод, управувано од Л.Л. (39) од Македонски Брод, излетало од коловозот и удрило во бетонски столбчиња, канделабра и тенда од продажен објект“, информира Министерството за внатрешни работи.






Возачот се здобил со телесни повреди, а по укажаната прва помош бил пренесен во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“, каде му биле констатирани повредите.

По несреќата, возилото се запалило, но благодарение на брзата интервенција на полициските службеници, пожарот бил навремено изгаснат.

На местото на несреќата извршен бил увид од страна на увидна екипа од СВР Скопје, а се работи на целосно расчистување на случајот.

Поврзани содржини