ГРЕЈС ПЕРИОД ОД 5 ГОДИНИ, ИСПЛАТА НА КАМАТИТЕ ПО ИЗГРАДБАТА Етапно, а не наеднаш, ќе се земаат кредити од расположливите 6 милијарди евра

За парите кои што ќе бидат искористени гарант ќе биде британската влада, што е исклучително важно. Ќе бидат серија на кредити и ние нема веднаш да ги искористиме тие 6 милијарди, вели пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Тони Јаревски.

1,934

Договорот за стратешко партнерство со Обединетото Кралство е историска можност за трансформација на Македонија, вели пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Тони Јаревски.

– Средствата ќе се користат внимателно и постепено и ќе има 5 години грејс период. Говориме за можност за серија на проекти коишто ќе извршат трансформација на државата, кои ќе направат подобро утре и кои ќе направат многу поквалитетно секојдневие и за граѓаните и за стопанството – рече Јаревски во гостување на ТВ24.






Јаревски истакна дека станува збор за 6 милијарди евра, кои се обезбедени врз база на договорот.

– За парите кои што ќе бидат искористени гарант ќе биде британската влада, што е исклучително важно. Ќе бидат серија на кредити. Не значи дека ние веднаш ќе ги искористиме тие 6 милијарди. Зошто е тоа, исто така, важно? Бидејќи Македонија учи на грешките што ги направија нашите претходници – рече Јаревски.

Македонија исплаќа милионски евра износи на име на камати за повлечени, а неискористени пари, додаде тој.

– Во овој случај за овие пари за овие капитални објекти тоа нема да биде така. Бидејќи, откако ќе имаме зрел проект, ова значи комплетен проект со поминати сите фази на ревизии, проверки, контроли усогласувања итн., ќе можеме да излеземе во однос на договорот и притоа условите што ќе бидат дадени, нема да бидат земени здраво за готово, туку ќе биде запазен повторно законот и ќе бидат повеќе понуди. Како што ќе бидат давани тие услови, ќе бидат споредени со уште неколку други понуди, согласно сегашните законски решенија, да се потврди уште еднаш дека имаме убедливо најдобри услови за камата – изјави Јаревски.

Тој посочи дека ќе има грејс период 5 години, со исплата на каматите по завршувањето на проектот. Според него, ова е важно за финансиското планирање и ќе помогне во забрзување на изведбата.

– Интересот на британската влада е токму само во каматата. На некој начин тоа ќе има и своевиден притисок на изведувачите да го работат проектот побрзо, бидејќи колку побрзо биде завршен толку побрзо ќе може да се активираат роковите за пресметување на каматите – кажа Јаревски.

Тој посочи дека состанокот во Стопанската комора потврди позитивни очекувања од стопанствениците за новите капитални проекти.

– Имавме многу пријатна средба и состанок во Стопанската комора. Се надевам дека ќе имаме доволно капацитети нашата целокупна градежна оператива, нашите компании да се соочат со можноста и со предизвикот и да учествуваат на постапките – заклучи Јаревски.

 

Поврзани содржини