НЕМА ДА СЕ ВРАТИ УКРАИНА ОД 2022, НИТУ ОД 1991 ГОДИНА Ривалот на Зеленски испрати брутално искрена порака

Се надевам дека овде нема луѓе што уште веруваат во чудо. Ни 1991, ни 2022 нема да се вратат. Нема да има магична среќа, ијзави поранешниот врховен командант на Украина на форум во Киев.

755

Украина треба да прифати дека нема да ги врати своите граници од времето на Советскиот Сојуз или од почетокот на руската инвазија во 2022 – порача Валери Залужни, поранешниот врховен командант и сегашен амбасадор во Лондон.

– Се надевам дека овде нема луѓе што уште веруваат во чудо. Ни 1991, ни 2022 нема да се вратат. Нема да има магична среќа – рече Залужни на форум во Киев, пренесе РБК Украина.






Неговата изјава доаѓа во време кога Киев сè повеќе зборува за примирје, а сè помалку за враќање на целата територија, иако Зеленски и натаму официјално бара враќање на Крим и сите други области под руска контрола.

Залужни беше сменет во февруари 2024 по несогласувања со Зеленски. Но и покрај тоа, остана еден од најпопуларните украински политичари. Во истиот период, рејтингот на Зеленски порасна по остриот судир со Доналд Трамп во Белата куќа.

– Непријателот сè уште има ресурси и може да продолжи со напади – додаде Залужни.

Анкетите покажуваат дека Залужни е еден од најпопуларните украински политичари. Анкетите, исто така, покажуваат дека рејтингот на Зеленски е зголемен по судирот со американскиот претседател Доналд Трамп на состанокот во Белата куќа во февруари.

Залужни беше разрешен од должноста во февруари 2024 година, во време кога неговата популарност ја надминуваше онаа на претседателот Володимир Зеленски. Несогласувањата меѓу двајцата се продлабочија по неуспешната украинска контраофанзива во 2023 година и по изјавите на Залужни дека војната влегла во фаза на исцрпување, што беше во спротивност со оптимистичките пораки на претседателот.

Откако беше разрешен, Залужни во март 2024 година беше назначен за украински амбасадор во Велика Британија.

Поврзани содржини