КРОФНИ ЗА ДЕЦАТА, КОКАИН ЗА ВОЗРАСНИТЕ Брачен пар од Бања Лука ја користел својата тезга за двоен бизнис
Според наводите во обвинението, брачната двојка купувала големи количини кокаин од луѓе што ги познавала во подрачјата на Бања Лука и на Челинац, па го препродавала на крајни корисници.
Брачен пар од Бања Лука развил свој бизнис, па според сведоци, продавале кокаин во киоск каде што продавале и крофни, објави Н1.
Брацо Кота, 55-годишен човек од Бања Лука, и неговата 33-годишна сопруга Анѓелија Кота со години продавале кокаин на подрачјето на Челинац и Бања Лука, а на судењето сега се откриени деталите од нарко бизнисот.
Ова го потврдија сведоците на обвинителството пред Окружниот суд во Бања Лука, на судењето на брачниот пар, на кој му се суди за неовластено производство и трговија со дрога.
Повеќето сведоци изјавија дека дрогата ја купиле од Браќа, со кого претходно се договориле преку апликациите Вибер и Инстаграм.
Според наводите во обвинението, брачниот пар купувал големи количини кокаин од луѓе што ги познавал во подрачјата на Бања Лука и на Челинац, од 2017 до 24 мај 2021 година, па го препродавал на крајни корисници.
Според обвинението, тие комуницирале преку телефон и апликациите Вибер, Инстаграм и Вотсап, користејќи шифрирани пораки за да се договорат за трансакции.