ПЛАТФОРМАТА МОЈАТА АКТИВНОСТ ОТВОРА НОВО НИВО НА ВАШЕТО РАБОТЕЊЕ Можност и за малите фирми да зачекорат во дигиталниот свет

Компанијата Дигитал Агенција ДООЕЛ, која управува со водечката бизнис платформа во Северна Македонија – Мојата активност, отворa врати за сите фирми полесно и без големи инвестиции да се претстават на интернет публиката и да го изградат своето присуство во дигиталниот простор.

52

Дигиталната трансформација веќе не е прашање на избор, туку неопходност за сите оние што сакаат да одржат чекор со развојот на пазарот и навиките на потрошувачите. Според актуелните податоци, околу 56% од микро, малите и средните претпријатија во Северна Македонија изразиле заинтересираност за онлајн работење, но поголемиот дел од нив сè уште немаат зачекорено во дигиталната сфера и не ги нудат своите производи или услуги преку интернет.

Ако се препознавте во оваа група – време е за акција.






Многу помали бизниси се двоумат да влезат во дигиталниот свет. Причините се разновидни – некои мислат дека не можат да им парираат на големите компании, други стравуваат од трошоците за креирање и одржување веб-страница, а има и такви што поради недостиг на технички знаења и искуство во дигитален маркетинг го одложуваат тој чекор.

Меѓутоа, постои решение – пристапно е, едноставно и наменето токму за оние кои најчесто се лишени од скапи дигитални алатки.

Компанијата Дигитал Агенција ДООЕЛ, која управува со водечката бизнис платформа во Северна Македонија – Мојата активност, отворa врати за сите фирми полесно и без големи инвестиции да се претстават на интернет публиката и да го изградат своето присуство во дигиталниот простор.

Регистрирајќи се на Мојата активност, претпријатијата добиваат можност да се позиционираат на интернет, дури и ако немаат сопствена веб-страница, што е идеално решение за оние кои сакаат брзо, ефикасно и економично влегување во онлајн               работењето.

Фото: Платформа Мојата активност

Платформата е осмислена така што им обезбедува поголема видливост и достапност на сите корисници, со цел да допрат до нови купувачи и да создадат нови бизнис врски. Преку неа, фирмите се претставуваат на потенцијалните клиенти низ целата земја и регионот, без потреба да инвестираат во големи инвестиции или комплексни технолошки процеси.

Денес, на платформата Мојата активност се присутни илјадници компании од различни индустрии, од мали занаeтчиски работилници до здравствени институции и големи бизнис системи. Многу од нив немаат сопствена страница, но се сепак многу лесно достапни преку интернет пребарувачи и тоа со сите важни информации и контакти, вклучувајќи ја и можноста за директно онлајн прашање, купување и плаќање услуги и производи.

Зошто е важно тоа?

Едноставната регистрација на Мојата активност овозможува креирање професионална страница на која можете да ја претставите вашата марка, контакт податоци, локација, работно време, услуги, производи, искуство, па дури и галерија со слики. Содржината лесно се ажурира и се прилагодува според потребите. За оние кои сакаат да ги понудат своите услуги и производи и преку електронска продажба, тоа е исто така можно, па практично добивате и е-продавница, и тоа без да инвестирате во изработка и одржување на страница и сложени технички поставки.

Во денешното дигитално време, успехот на бизнисот сѐ повеќе зависи од присуството на интернет. Сепак, речиси половина од малите и средните фирми во Северна Македонија сѐ уште немаат своја присутност на мрежата. Без дигитална стратегија, овие фирми ризикуваат да бидат исфрлени од пазарот.

– Без разлика каде и како купувачите прв пат ќе слушнат за вас, речиси секогаш ќе побараат дополнителни информации онлајн. Ако ве нема таму, како да не постоите. Тоа не е ризик што може да се игнорира, туку сериозна закана за опстанокот на пазарот – предупредуваат од Дигитал Агенција ДООЕЛ.

Платформата е дизајнирана да заштеди време, да намали трошоци, да ја подобри ефикасноста и да го олесни влезот на дигиталниот пазар. Сето тоа без потреба од претходно искуство, големи инвестиции или комплицирани алатки.

– Освен за фирмите кои само започнуваат со онлајн присуство, Моја активност е многу корисна и за оние кои веќе имаат свои дигитални канали. Регистрацијата на платформата ја зголемува видливоста, го подобрува позиционирањето на интернет пребарувачите (SEO), носи поголем број посетители, а со тоа и поголема шанса за раст на приходите и зајакнување на брендовите – објаснуваат од Дигитал Агенција ДООЕЛ.

Фото: Платформа Мојата активност

Покрај дигиталниот формат, Дигитал Агенција ДООЕЛ овозможува и присуство во печатениот каталог Мојата активност, кој излегува два пати годишно и се дистрибуира на стратешки локации низ цела Северна Македонија. Луксузната публикација може да се најде на аеродромите, станиците, чекалните, саемите, бизнис центрите, но поради својата корисност и во домаќинствата.

Севкупната поддршка, која ја пружа платформата Мојата активност, од технички алатки до совети и едукативни ресурси, овозможува секој бизнис да направи стабилен чекор кон модернизацијата. Ако сѐ уште чекате вистински момент, тој е токму сега. Придружете се на оние кои ја препознале силата на дигиталното присуство и направете чекор кој ќе ве приближи до клиентите и ќе ја зајакне вашата позиција на пазарот.

Поврзани содржини