ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ДЕЛЧЕВО ОД СДСМ НЕ ДОЈДЕ НА ПРОМОЦИЈАТА НА ПРОЕКТИ Мицкоски порача дека е важно да се гради насекаде во Македонија
Јас навистина жалам што денеска градоначалникот на Делчево не е со нас, за да покажеме дека кога нешто убаво се прави, без разлика што сме од различни политички опции дека треба да сме заедно на ваков еден убав настан, бидејќи сепак ова се проекти за граѓаните, ова не се проекти на ВМРО-ДПМНЕ, ниту на СДСМ, туку ова се проекти за делчевчани и тоа е нашиот мотив и тоа е нашата инспирација – рече Мицкоски.
Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Делчево присуствуваше на увид во градежните активности за реконструкција на улици во населбата Ново Делчево. Тој изрази жалење што на настанот не беше присутен градоначалникот на Делчево кој е од редовите на СДСМ.
– Јас само сакам да кажам дека многу е важно да се гради Македонија насекаде, без разлика дали градоначалник е од редовите на владата или е од редовите на опозицијата. Јас навистина жалам што денеска градоначалникот на Делчево не е со нас, за да покажеме дека кога нешто убаво се прави, без разлика што сме од различни политички опции дека треба да сме заедно на ваков еден убав настан, бидејќи сепак ова се проекти за граѓаните, ова не се проекти на ВМРО-ДПМНЕ, ниту на СДСМ, туку ова се проекти за делчевчани и тоа е нашиот мотив и тоа е нашата инспирација – рече Мицкоски.
Тој рече дека се надева дека ова е само еден момент на слабост на СДСМ и дека во другите општини каде што има градоначалник од редовите на СДСМ или од опозицијата кога ќе се промовираат проекти коишто се за граѓаните, ќе има градоначалници коишто се во политичките партии коишто се опозиција.
За тие проекти коишто дополнително ќе се реализираат со вториот повик, отприлика 6 до 8 пати повеќе ќе се финансира во Општина Делчево од тоа што е годишниот буџет на општината за реализирање на капитални инвестиции.