📽 УКРАИНСКИ НАПАДИ НА БРЈАНСК, КРИМ И БЕЛГОРОД Русите собориле 35 дронови во текот на ноќта

Во текот на изминатата ноќ, системите за противвоздушна одбрана кои беа на должност уништија 35 украински беспилотни летала, 26 беспилотни летала на Крим, осум во Брјанската област и еден дрон во Белгород, се наведува во соопштението што го пренесе РИА Новости.

193

Руското Министерство за одбрана денеска соопшти дека противвоздушната одбрана на руската војска во текот на ноќта соборила 35 украински дронови над Крим, Брјанската област и во Белгород.

„Во текот на изминатата ноќ, системите за противвоздушна одбрана кои беа на должност уништија 35 украински беспилотни летала, 26 беспилотни летала на Крим, осум во Брјанската област и еден дрон во Белгород“, се наведува во соопштението што го пренесе РИА Новости.






Соопштено е и дека екипажите на руските дронови, контролирани преку оптички кабли, од единицата Усуриски воздушно-десантни сили, уништиле опрема на украинските вооружени сили долж границата на Курската област.

Поврзани содржини