ПУКАЛ ВО ДЕЦА ШТО БЕРЕЛЕ ЦРЕШИ ОД НЕГОВИОТ ДВОР Уапсен 69-годишен маж од Свети Николе

Лицето со иницијали В.И. е лишено од слобода вчера во 14 часот, откако претходно од тераса на својата куќа на улицата Питу Гули пукал од воздушна пушка кон неколку деца, кои береле цреши од негова цреша, соопшти полицијата.

1,694

Шеесет и деветгодишник од Свети Николе е уапсен поради тоа што пукал со воздушна пушка кон деца кои береле цреши од неговиот двор, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Лицето со иницијали В.И. било лишено од слобода вчера во 14 часот, откако претходно од тераса на својата куќа на улицата Питу Гули пукал од воздушна пушка кон неколку деца, кои береле цреши од цреша во неговиот двор.






По целосно расчистување и документирање на случајот, против него ќе биде поднесена пријава член 288 од Кривичниот законик за Предизвикување општа опасност, појаснуваат од Министерството за внатрешни работи.

Поврзани содржини