ВОЈНАТА ВО УКРАИНА НЕМА ДА ЗАВРШИ СО ВОЕНО, ТУКУ СО ДИПЛОМАТСКО РЕШЕНИЕ Колку побрзо, толку подобро, порачува Рубио

Рубио изјави и дека не очекува пробив во утрешните преговори во Истанбул меѓу Украина и Русија, кои испратија делегации.

272

Целта е напредок во преговорите меѓу Русија и Украина, а конфликтот нема да заврши воено, туку дипломатски рече американскиот државен секретар Марко Рубио, денеска во Анталија, пред средбата со генералниот секретар на НАТО Марк Руте.

– Оваа војна нема да заврши со воено, туку со дипломатско решение, и колку побрзо се постигне договор за завршување на оваа војна, толку помалку луѓе ќе умираат и толку помалку уништување ќе има. И на крајот на денот, тоа е целта на претседателот Доналд Трамп – рече Рубио, додавајќи дека се надева на скоро решение.






Тој посочи дека  претседателот Трамп сака страните во конфликт да се фокусираат на економијата, реконструкцијата и на градежништвото.

– Претседателот Трамп беше многу јасен дека сака војната да заврши. Тој е отворен за практично секој механизам што нè доведува до праведен, траен и долготраен мир, и тоа е она што тој сака да го види. Тој сака да види крај на војните, сака да спречи да се случат војни. Целта на НАТО е да спречува војни со сопствена сила и затоа сакаме да го видиме како се зајакнува, со нивоа на трошење меѓу сите партнери што ќе им овозможат на сите да бидат посилни – рече Рубио.

Генералниот секретар Руте рече дека на НАТО му е потребно американско лидерство поради руската и кинеската закана, посочувајќи дека Трамп и Рубио претставуваат добри лидери.

Рубио изјави и дека не очекува пробив во преговорите во Истанбул меѓу Украина и Русија, кои испратија делегации.

– Сакам да бидам искрен. Немаме големи очекувања за тоа што ќе се случи утре – изјави Рубио по разговорите во Анталија.

Поврзани содржини