📽 БИКИЈАДАТА ВО БИЈЕЛО ПОЉЕ МОЖЕШЕ ДА ЗАВРШИ КРВАВО Кој ја остави отворена вратата од арената?
Иако во БиХ и Хрватска се тврди дека борбите не се толку крвави како во Шпанија и јужна Франција, противниците истакнуваат дека животните се изложени на непотребно насилство и стрес, а организаторите честопати ги оправдуваат настаните со традиција и со тоа дека се од културна вредност.
Два бика успеаја да избегаат и да влетаат во публиката откако вратата од арената остана отворена за време на манифестација во селото Бијело Поље во Босна и Херцеговина. Настанот ја разбранува јавноста во БиХ и ја отвори дебатата за тоа дали ваквите борби, кои се дел од традицијата на земјата, се безбедни, објави Индекс.
Според првичните информации, никој не е повреден.
Бикијадите со векови се одржуваат во Босна и Херцеговина и во Хрватска, а најпознати се Чевљанската и Грмачката корида, кои собираат до 60.000 гледачи, додека се проценува дека на најпознатите настани учествуваат до 100.000 луѓе од целиот регион и од странство.
Слично е и во Бијело Поље, каде што борбите привлекуваат илјадници посетители.
Takmičenje u borbama bikova u selu Bijelo Polje kod Kaknja u srednjoj Bosni gotovo je završilo haotično nakon što su vrata arene ostala otvorena, što je omogućilo dvojici bikova da pobjegnu među publiku. Kritičari borbi bikova tvrde da, iako borbe u Bosni i Hercegovini nisu… pic.twitter.com/2pvNC4IPfp
— Al Jazeera Balkans (@AJBalkans) May 14, 2025
Иако во БиХ и Хрватска се тврди дека борбите не се толку крвави како во Шпанија и јужна Франција, противниците истакнуваат дека животните се изложени на непотребно насилство и стрес, а организаторите честопати ги оправдуваат настаните со традиција и со тоа дека се од културна вредност.
На борбите реагираат здруженијата за заштита на животните. Во Хрватска бикијадите обично се легални и се споменати во Законот за заштита на животните.
Она што е различно на бикијадите во Босна и Херцеговина и Хрватска, биковите се борат едни со други без учество на луѓе, а целта е да се принуди противникот да се повлече, а не до смрт.