МАЛОЛЕТНИК ПРЕГАЗЕН ВО СКОПЈЕ Автомобил удри дете, итно пренесено во болница

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, се наведува во денешниот полициски билтен.

248

Малолетен пешак вчера бил прегазен од автомобил на улицата Индира Ганди во Скопје, при што се здобил со тешки телесни повреди.

Вчера во 15:40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул. Индира Ганди во Скопје, патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, управувано од К.Ј.(22) од Скопје, удрило во малолетен пешак од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, се наведува во денешниот полициски билтен.






Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Поврзани содржини